Гранит и Бетон ќе копаат во седум каменоломи

Bez autora
Aug 30 2012

Се интензивира експлоатацијата на минералните суровини во земјава наменети за градежниот сектор, бидејќи тоа претставува моторна сила на севкупниот економски раст. Значајно е што приватните фирми го препознаваат потенцијалот на оваа индустрија, па и во време на криза, вложуваат во неа. Ова го посочи министерот за економија Ваљон Сараќини при вчерашното потпишување на двата од вкупно седумте договори за експлоатација на минерални суровини со претставници на градежните компании Гранит" и Бетон" кои добија концесии. Договорите се однесуваат на седум локации во исто толку општини. Нивната реализација се очекува да отвори по најмалку 80 до 100 нови работни места, а стручна комисија ги избра најповолните компании кои конкурираа на јавен повик. Oвие концесии индиректно ќе значат раздвижување на малите бизниси што ќе бидат ангажирани како подизведувачи, транспортот и другите услуги.

Гранит и Бетон ќе копаат во седум каменоломиСе интензивира експлоатацијата на минералните суровини во земјава наменети за градежниот сектор, бидејќи тоа претставува моторна сила на севкупниот економски раст.

Значајно е што приватните фирми го препознаваат потенцијалот на оваа индустрија, па и во време на криза, вложуваат во неа. Ова го посочи министерот за економија Ваљон Сараќини при вчерашното потпишување на двата од вкупно седумте договори за експлоатација на минерални суровини со претставници на градежните компании Гранит" и Бетон" кои добија концесии.

- Договорите се однесуваат на седум локации во исто толку општини. Нивната реализација се очекува да отвори по најмалку 80 до 100 нови работни места, а стручна комисија ги избра најповолните компании кои конкурираа на јавен повик - посочи Сараќини и додаде дека овие концесии индиректно ќе значат раздвижување на малите бизниси што ќе бидат ангажирани како подизведувачи, транспортот и другите услуги.

Според министерот, вкупниот приход што избраните компании ќе го уплатат по основ на концесиски надоместок е 77 милиони денари од кои, согласно новиот Закон за минерални суровини, 78 отсто ќе бидат уплатени на сметката на општините, а останатите 22 процента во државниот буџет. Средствата директно ќе влијаат врз зголемување на касата на локалните самоуправи.

Сараќини информира дека Владата веќе ги избра и најдобрите понудувачи за 37-те нови локации за детални геолошки истражувања, а во фаза е и изготвување нови, уште 40 локации за експлоатација на минерални суровини.

Компаниите што добија концесии го поздравија овој потег на Владата, посебно неговата брза реализација. Страшо Милковски, директор на Гранит" посочи дека каменоломите се крвоток за градежните компании, бидејќи тоа е основниот материјал што се употребува и во нискоградбите и во високоградбите.

- Би сакал геолошките истражувања да завршат побрзо, најскоро да се спроведе и постапката, да имаме доволно простор за купување нова опрема и за нови вработувања - вели Милковски. Тој укажа дека Бетон" до минатата година се занимавал со нискоградба, но во меѓувреме купил комплетна опрема за асфалтирање. Со тендерот земал три каменолома - во Дојран, Оризари и Краста, со што ќе го заокружи производниот процес.

Министерот Сараќини истовремено информираше дека веќе е покрената иницијатива за интензивирање на експлоатацијата на металните минерални суровини, злато, бакар, железо... Според него, земјава има голем потенцијал за нивна експлоатација.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik